Достапни линкови

Реформи, реформи, реформи, само колку нешто демек се работи, а на терен?. Е па тоа е друга приказна, велат некои учители кои се соочуваат со секојдневните проблеми во образованието додека најголем дел од нивните ученици сонуваат за работа во јавна администрација или да му ја "дувнат" во странство.

Иако Македонија е земја во која носечки дел на вработувањата се техничките факултети, во последните неколку години постои хиперпродукција од општествените науки. На пример, за првпат по 20 години независност, минатата година се пополнија квотите на техничките факултети. Најголем интерес кај идните студенти се уште будат правните и економските науки, а дури 28 отсто од невработените млади сонуваат за работа во јавна администрација. Податоците на Агенцијата за вработување зборуваат дека апсорпцијата на овие кадри, иако е голема, продукцијата е сепак преголема за потребите на македонското стопанство.
Во сите други земји учениците немаат по 14 предмети и немаат по 8 часа дневно.

Од друга страна, пак, ова го отвора прашањето за квалитетот на македонското образование, за неговите предности и слабости, за тоа каков кадар продуцира и што е уште поважно дали е тој подготвен и соодветен за пазарот на трудот?

Генерален впечаток на
Екстерно тестирање во скопските училишта.

Екстерно тестирање во скопските училишта.

родителите и на учениците во основното и средното образование е дека децата се оптоварени со многу предмети, минуваат многу часови во училишните клупи, учат непотребни податоци, многу теорија, а малку пракса.
Децата учеа многу повеќе, можеби фактографски непотребни работи, меѓутоа сега сакајќи да се намалат тие фактографски работи, се сведе на тоа да не се оди во длабочина, да не се оди во широчина, да имаат многу оскудни знаења, многу скоро и непотребни знаења.

„Во сите други земји учениците немаат по 14 предмети и немаат по 8 часа дневно“, ќе рече една ученичка во гимназијата Јосип Броз.

Просветните работници, пак, велат дека за разлика од порано кога признаваат дека имало повеќе фактографија и непотребни податоци, денеска образованието е поповршно, а знаењата на учениците се пооскудни.

„Децата учеа многу повеќе, можеби фактографски непотребни работи, меѓутоа сега сакајќи да се намалат тие фактографски работи, се сведе на тоа да не се оди во длабочина, да не се оди во широчина, да имаат многу оскудни знаења, многу скоро и непотребни знаења, па имаме многу голема концентрација на материјал за локална самоуправа, мислам дека навистина до толку нема потреба децата да се оптеретуваат, посебно помалите. За поголемите, некако не се посветија на стручноста, повеќе
Само ги слушаме дека се е мед и млеко, меѓутоа на терен не е така, не ги интересира квалитет, битно им е само дека нешто се работи. Сега и новиот министер со една изјава дека „сега професорите ќе бидат казнети или ќе добијат награди.
свртеа на гимназиско“, вели професор Јулија Петроска од основното училиште Ѓоргија Пулески од Скопје.

Интересен пример за тоа што денеска учат основците е предметот граѓанско образование. Таму се изучуваат идентитетот и животниот стил како човекова посебност, настанокот на човековите права и слободи, правото на различност и борба против дискриминацијата, стереотипи и предрасуди. Таму ќе научите дека „доколку новинарите им се обраќаат на премиерот и на претседателот Спиро Ристовски - министер за образование.

Спиро Ристовски - министер за образование.

со име, тогаш тие не ги почитуваат институциите и немаат доверба во нив“ или дека граѓаните имаат право на протест и вообичаено нивното незадоволство го изразуваат пред Владата, но притоа не треба да го блокираат сообраќајот, оти оној што тргнал на работа и задоцнил неколку часа поради блокадата, на крајот на месецот ќе прими помала плата.“
Целта беше да бидеме поблиску и да имаат поевтино школување и навистина тие се школуваат само за 50 евра по семестар. Имаме доволен број на студенти, како универзитет имаме повеќе од 18 илјади студенти и слободно можам да кажам дека секако дека ние сме поблиску до потенцијалните студенти и до веќе запишаните и тоа е факт, бидејќи место тие да патуваат до Штип како центар на универзитетот Гоце Делчев, ние професорите патуваме до сите дисперзирани градови.

Професор Исмаил Љатифи од средното економско училиште 8 септември од Тетово смета дека реформите во образованието не се спроведуваат до крај.

„Само ги слушаме дека се е мед и млеко, меѓутоа на терен не е така, не ги интересира квалитет, битно им е само дека нешто се работи. Сега и новиот министер со една изјава дека сега професорите ќе бидат казнети или ќе добијат награди.“

Една од реформите во македонскиот образовен систем се и дисперзираните студии во повеќето градови ширум земјава. Деканот на Земјоделскиот факултет на Универзитетот Гоце Делчев од Штип, Илија Каров, смета дека со овој модел на студирање образованието стана достапно за сите. Наместо студентите да патуваат, тоа го правиме ние професорите, вели тој.

„Целта беше да бидеме поблиску и да имаат поевтино школување и навистина тие се школуваат само за 50 евра по семестар. Имаме доволен број на студенти, како универзитет имаме повеќе од 18 илјади студенти и слободно можам да кажам дека секако дека ние сме поблиску до потенцијалните студенти и до веќе запишаните и тоа е факт, бидејќи место тие да патуваат до Штип како центар на универзитетот Гоце Делчев, ние професорите патуваме до сите дисперзирани градови.“
Има еден проблем со они кои завршуваат со 180 кредити по болоњскиот систем кои што се со тригодишно студирање и немаат соодветен број на кредити бидејќи самите компании бараат комплетирани студенти, што во целост ги завршиле студиите.

Според последните статистички податоци, во земјава има 530 магистри, 26 доктори на науки и 22 илјади дипломци невработени. Повеќето од нив се според Болоњскиот систем и тие се всушност мастер, вели директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Според него, кадарот кој произлегува од стариот систем на магистратура е многу поквалитетен од новиот систем. Многу луѓе, многу брзо станаа магистри, иако не се соодветни вели Поповски. „Има еден проблем со они кои завршуваат со 180 кредити по болоњскиот систем кои што се со тригодишно студирање и немаат соодветен број на кредити бидејќи самите компании бараат комплетирани студенти, што во целост ги завршиле студиите.“

Дека Болоњскиот систем на студирање има свои слабости и продуцира кадри кои не се доволно подготвени за пазарот на трудот, потврдува и професорот Каров. Уверува дека со своите колеги прават се за да се ги обучат студентите со соодветни вештини, посветувајќи се повеќе внимание на практичната работа.

„Значи сфативме дека слаба страна на досегашните студии е праксата и затоа се подготвивме уште за оваа учебна година да бидат опфатени сите затекнати студенти на Земјоделскиот факултет да се стекнат со квалитетна пракса, се со цел да бидат спремни по дипломирањето да се вклучат во практичната работа на оние места каде ќе им се укаже доверба на пазарот на трудот.“

Професор Љатифи вели дека реформите кои се прават во насока на подобрување на образовниот систем се површни и популистички. Вели дека во Тетово има пет средни училишта, а ниту едно од нив не е стручно и не продуцира кадри кои се бараат на пазарот на трудот.

„Ниту еден предлог не дојде од Министерството, дајте едно училиште да го спремиме за потребите на пазарот на трудот, тоа го нема. Правиме напори нашите деца да ги спремаме за сметководители, финансиери итн., меѓутоа условите се за никаде, нема кабинети, тоа компјутер за секое дете е чиста лага, а тие и ден денеска се фалат, но не е тоа така, во моето училиште и во другите училишта во Тетово ниту еден компјутер во училница не работи.“
Бурни реакции во јавноста неодамна предизвика и екстерното оценување. Младите се кренаа на протести ширум земјата против тестирањето за кое сметаат дека има многу пропусти.
Сегашнава администрација се обиде во образованието да го употреби на погрешен начин екстерното оценување, името да го употреби за да пласира определени тези засновани на предрасудите за квалитетот на нашето образование. Како што гледаме се тргнува од тоа дека оценувањето не чини и дека екстерното би требало да биде ревизија на тоа оценување и тука е клучниот проблем што се случи. Инаку самото екстерно оценување нема никаков проблем и ќе си се спроведеше целосно успешно.

„Никој не се консултираше со нас, со нашите родители и со нашите наставници. Потоа како може да добиеме реална оценка ако 60-минутен тест решаваме со 30 прашања на заокружување. Потоа проблем е што нема рангирања на училиштата, не можат да дадат еден тест со иста јачина на сите средни училишта кога ние сме свесни дека постојат гимназии кои се појаки и гимназии кои се послаби“, рече еден ученик.

По четири години најава за спроведување на овој проект, екстерното тестирање се спроведе со низа технички недостатоци и проблеми. Невладините организации го критикуваа начинот и целите на ова оценување кое во јавноста беше доби димензија на ревизија на образовниот систем.
Презентација на редовниот Економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа.

Презентација на редовниот Економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа.


„Сегашнава администрација се обиде во образованието да го употреби на погрешен начин екстерното оценување, името да го употреби за да пласира определени тези засновани на предрасудите за квалитетот на нашето образование. Како што гледаме се тргнува од тоа дека оценувањето не чини и дека екстерното би требало да биде ревизија на тоа оценување и тука е клучниот проблем што се случи.
Како што знаете една од работите кои недостасуваат во земјава е дисбалансот на вештините на пазарот на трудот, некои од новите работни места не можат да се пополнат, а тоа е токму поради немањето соодветни вештини за истите. Некои од луѓето не можат да најдат работа, токму поради таа дисхармонија со вештините.
Инаку самото екстерно оценување нема никаков проблем и ќе си се спроведеше целосно успешно“, изјави поранешниот министер за образование Ненад Новковски.

Стапката на невработеност минатата година е проценета на 31, 2 проценти, а 53 отсто од младите се невработени. Светската банка препорачува дека е неопходно да се создадат услови за отворање работни места и да се премости дисхармонијата меѓу она што се бара на пазарот на трудот и она што се нуди, при што треба да се обрне внимание на образовните програми кои создаваат кадри.

„Сакам да ја потенцирам акцијата која во моментот ја подготвуваме, а се однесува на вештините и процесот на креирање работа. Таа го истакнува креирањето работни места од двете страни: едната е создавање подобра клима за иновации, а другата пополнување на дупката за соодветни вештини. Како што знаете една од работите кои недостасуваат во земјава е дисбалансот на вештините на пазарот на трудот, некои од новите работни места не можат да се пополнат, а тоа е токму поради
Ние имаме многу поважни работи од политиката, тоа е економијата, меѓутоа за жал тие ја гледаат иднината само во политиката, мечтаат за некакви големи проекти, ама тоа е надвор од економската логика, големите профити не доаѓаат од политиката, тоа се криминални профити.
немањето соодветни вештини за истите. Некои од луѓето не можат да најдат работа, токму поради таа дисхармонија со вештините, па затоа во соработка со македонската влада се обидуваме да го поправиме тоа преку овој проект, изјави деновиве директорката на Светската банка, Татјана Проскурикова.

За тоа дали и колку идните дипломци се подготвени да се справат со предизвиците на работното место по завршувањето на студиите ги прашавме стопанствениците.
Премиерот Никола Груевски зборува на Конвенцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Премиерот Никола Груевски зборува на Конвенцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.


Зоре Темелковски, сопственик на приватна компанија вели дека младите генерации имаат своја визија и идеи, но она што им недостига е храброст и поткрепа.
Кај нас на пример инженери од 6 наутро доаѓаат на работа, во администрација оди од 8, од 9 на работа, значи ако ги гледаме вообичаените услови се многу поразлични, да не зборуваме за дисциплина, барање на одговорност од вработените. Точно дека малку има попуштање во критериумите за студирање поради преширокиот обем на можности за студирање па веројатно и факултетите се тепаат да добијат студенти, меѓутоа сепак многу зависи и од индивидуата колку е амбициозна.

„Сега трагедијата е дека сите се занимаваме со минатото и со проблемите кои секојдневно ни ги сервираат политичарите, а не размислуваме за иднината на младиот кадар кој излегува од факултетите, се едуцира и тоа е добро,тоа дава сигурност на државата дека може да го фати курсот што светска банка го препорачува.“

Темелковски вели дека под влијание на политиката во сите сегменти на општеството, надлежните многу малку размислуваат на иднината на младиот кадар.

„Ние имаме многу поважни работи од политиката, тоа е економијата, меѓутоа за жал тие ја гледаат иднината само во политиката, мечтаат за некакви големи проекти, ама тоа е надвор од економската логика, големите профити не доаѓаат од политиката, тоа се криминални профити.“
Oбукa за вработување на млади луѓе во Куманово.

Oбукa за вработување на млади луѓе во Куманово.


Савка Тодорова, сопственик на компанија за кондиторски производи, вели дека е вообичаено да има период на адаптација кога еден штотуку дипломиран студент ќе почне да работи. Таа вели дека постои расположение кај приватниот сектор да вработува млади и надежни кадри, но дека постојат објективни фактори кои го доведуваат во прашање успехот на еден бизнис.

„Дури и некој купче пари да ги донесе така па не е доволно, значи мора да има еден концепт, тоа е жива материја која треба секојдневно да живее, да работи.“
Значи не може да се стане менаџер од првиот работен ден, значи не само кај нас, туку секаде во светот се заработува со многу труд и тоа е правило. Секој од нас може да си ги праша сопствените родители и ќе дојдеме до истиот заклучок дека единствено само со вештина и со труд се заработува. Може да ги фрустрира во моментов нечија скапа кола, но тоа сакам да верувам дека зад тоа има многу труд.

Од искуството во изминатите години, Тодорова вели дека младите го одбегнуваат приватниот сектор оти одговорностите и обврските во тој сектор се поголеми и потешки. Токму во тоа Тодорова ја гледа причината што голем процент од младите сонуваат за работа во јавната администрација, наместо реалниот сектор.

„Кај нас на пример инжинери од 6 наутро доаѓаат на работа, во администрација оди од 8, од 9 на работа, значи ако ги гледаме вообичаените услови се многу поразлични, да не зборуваме за дисциплина, барање на одговорност од вработените. Точно дека малку има попуштање во критериумите за студирање поради преширокиот обем на можности за студирање па веројатно и факултетите се тепаат да добијат студенти, меѓутоа сепак многу зависи и од индивидуата колку е амбициозна.“

Од веб порталот вработување.ком, пак, апелираат до младите повеќе да работат на своите вештини и преквалификација согласно потребите на пазарот на трудот. Освен дипломата во рака, за работа потребни се и други карактеристики како на пример сопствената мотивација, комуникациските вештини и др. посочува Дарко Велков од вработување.ком.

„Во време на ваков тип на технологија многу е лесно да се научи било каква вештина, многу е лесно да се земе курс преку интернет или да се научи јазик, знам дека тоа чини пари, но тоа е единствениот пат, не постои друг пат.“

Велков вели дека само вештините и трудот се сигурна формула за успех во кариерата, односно на работното место.

„Значи не може да се стане менаџер од првиот работен ден, значи не само кај нас, туку секаде во светот се заработува со многу труд и тоа е правило. Секој од нас може да си ги праша сопствените родители и ќе дојдеме до истиот заклучок дека единствено само со вештина и со труд се заработува. Може да ги фрустрира во моментов нечија скапа кола, но тоа сакам да верувам дека зад тоа има многу труд.“

Она што недостига е сеопфатна анализа на ефектите од примената на Болоњската декларација во образовниот систем. Во овој сектор последните неколку години се сменија неколку министри, кои доаѓаа и заминуваа оставајќи простор за дискусија околу нивното успешно или неуспешно справување со сериозните предизвици во овој ресор. Во Македонија досега се направени само парцијални истражувања за примената на Болоњската декларација.

Истражувањето на Младинскиот образовен форум ја детектира потребата од зајакнување на институционалните капацитети на факултетите и нивната опременост, а на академскиот кадар му препорачува подобрување на наставниот процес со цел подобро и пообјективно оценување.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG