Достапни линкови

ММФ: Помошта за Грција е врзана за развојната програма


Портпаролот на ММФ Џери Рајс изјави дека пакетот финансиска помош за Грција би можел да се доведе во прашање доколку фондот и Европската унија утврдат дека Атина не ја спроведува очекуваната развојна програма која ја финансираат меѓународните институции.Тој дополни дека развојаната програма е приоритет на грчките власти, со цел земјата да се извлече од економската криза. Грчките медиуми изјавата на Рајс ја протолкуваа како закана до грчките власти, додавајќи дека ММФ ќе ја укине финансиската помош за државата доколку се одржат предвремени избори. Земјата се наоѓа во тензична политичка атмосфера по одлуката на коалициската влада на премиерот Андонис Самарас за затворање на државната радиотелевизија ЕРТ. Инаку, најмалиот коалициски партнер во грчката влада, Демократската левица, најави дека ќе ги повлече своите министри по што ќе ја напушти коалицијата поради затворањето на државниот медиум. Според јавните гласила, ваквата одлука нема да доведе до предвремени избори.
XS
SM
MD
LG