Достапни линкови

Србија очекува датум за преговори со ЕУ во октомври


Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека очекува датумот за почеток на преговорите со ЕУ да биде одреден што побрзо, додавајки дека тоа би можело да биде во октомври, бидејќи се исполнети сите услови. Според него, одлуката би помогнала за побрза, полесна и поефикасна имплементација на договорот и спогодбата од Брисел, а евентуална негативна одлука би го довела во прашање кредибилитетот на Унијата, а не на Србија. Дачиќ ги повика земјите-членки на ЕУ да ја поддржат Србија, бидејќи не станува збор за ирационални причини за добивање датум туку, како што рече премиерот, „Србија тоа го заслужи“.
XS
SM
MD
LG