Достапни линкови

ДИМАР ја напушти грчката трипартиска владеачка коалиција


Најмалиот партнер во грчката коалициска Влада, Демократската левица (ДИМАР) соопшти дека ја напушта трипартиската коалиција. Со ваквата одлука не постои опасност од предвремени избори во земјата, бидејќи останатите две партии во коалицијата, Нова демократија и ПАСОК, имаат мнозинство во Парламентот, јавуваат медиумите. ДИМАР соопшти дека ги повлекува двајцата свои министри од Владата по спорот во врска со затворањето на државната радиотелевизија ЕРТ. Официјални претставници на Демократската левица изјавија дека министрите за правда и за административна реформа ќе ги поднесат своите оставки во текот на денов. Засега не се знае дали партијата ќе продолжи да ја поддржува коалициската Влада на премиерот Андонис Самарас во Парламентот.
XS
SM
MD
LG