Достапни линкови

Баросо повика на компромис меѓу бугарските партии


Сите демократски политички сили во Бугарија, независно од идеолошките и политичките разлики, треба да постигнат компромис за важните прашања во интерес на државата, стабилноста и напредокот, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. „Мојот повик е упатен кон сите политички партии кои водат сметка за иднината на државата“ рече Баросо на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Пламен Орешарски. Протестите во Бугарија започнаа минатиот петок по изборот на контроверзниот медиумски магнат Делијан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС). Пеевски следниот ден се повлече од функцијата на која беше избран а протестите во Софија и во неколку други градови продолжија.
XS
SM
MD
LG