Достапни линкови

logo-print

Политичарите како владики, свештениците како политичари


Политичарите ја користат религијата како важен ресурс за функционирање на општеството, додека верските заедници ја користата политиката заради сопствена афирмација.

Политиката и религијата во Македонија во последната деценија според социолозите се повеќе се приближуваат. Политичарите ја користат религијата како важен ресурс за функционирање на општеството додека верските заедници ја користата политиката заради сопствена афирмација.
Сите се еднакви и државата така и треба да се однесува овде. Тука завршува тој контекст за една секуларна држава што значи немешање на државата во работата на црквата и обратно. Во Македонија таа линија меѓу нив е доста дифузна и често имаме една нејасност во тој поглед.

Нормално е религиските заедници да имаат став за одредени општествени прашања, но не треба религиските лидери за политиката да зборуваат со јазикот на политиката, коментираат тие. Мешањето на политика и религија и обратно се гледа и во присуството на верски лидери на изградба на објекти, вели професорот по социологија Илија Ацески.
Премиерот Никола Груевски, поглаварот на македонската православна црква Г Г Стефан.

Премиерот Никола Груевски, поглаварот на македонската православна црква Г Г Стефан.


„Сите се еднакви и државата така и треба да се однесува овде. Тука завршува тој контекст за една секуларна држава што значи немешање на државата во работата на црквата и обратно. Во Македонија таа линија меѓу нив е доста дифузна и често имаме една нејасност во тој поглед.“

Односот на религијата кон политиката во Македонија е индикативен зошто тука на еден простор се сретнуваат и православието со исламот, а потоа и останатите религии. Една од причините поради што експертите се
Македонија е многу хетерогена по сите основи и по етничка и по верска и мислам дека голема придобивка е тоа што државата треба да биде секуларна без никакво мешање и влијание на верските заедници.
задржуваат на оваа тема е влијанието на политиката и меѓуетничките односи. Религиските заедници доколку тоа го сакаат, може да играат и важна улога во смирување на тензични ситуации бидејки етичките правила и моралните норми се многу живи и делотворни во повеќето религии, велат експертите. Меѓутоа политичкиот аналитичар Насер Зибери има поинаков став.

„Македонија е многу хетерогена по сите основи и по етничка и по верска и мислам дека голема придобивка е тоа што државата треба да биде секуларна без никакво мешање и влијание на верските заедници.“

Некои експерти велат дека на политичките елити не им е целта да ги решат реалните проблеми како сиромаштијата и ниските плати и вниманието го вртат кон националниот и верскиот идентитет.

Деновиве поглаварот на ИВЗ излезе со критики дека МПЦ е врзана со власта и дека затоа е привилегирана како верска зедница. Владиката пелагониско преспански Петар изјави дека такво нешто не постои и наведе дека ИВЗ има многу повеќе изградени објекти во новите урбани населби од МПЦ и во таа смисла не може да се каже дека МПЦ на некој начин е привилегирана.

„Напротив, мислам дека ако тргнете кон Скопје или надвор од Скопје, Тетово, Гостивар и тн. Ќе видите дека ако некоја верска заедница се промовира, тоа е Исламската верска заедница.“

Инаку порастот на религиозноста кај луѓето во Македонија е евидентен. Таквиот впечаток е присутен и во анкетите во кои луѓето искажуваат висока доверба во верските заедници.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG