Достапни линкови

Владино владеење на правото


Во извештајот на Фридом хаус, Македонија доби пониска оценка за правосудството и неговата независност од лани. Забелешки има и американскиот Стејт департмент.

Последните извештаи на Фридом хаус и Стејт департментот само го нотираат стрмоглавиот пад на независноста на судството, забележуваат познавачите на судскиот систем во земјава. Политичкото влијание врз судството е забележано и во двата последни извештаи каде што е конкретно наведено дека „најкритичен проблем во областа на човекови права е неуспехот на Владата целосно да го почитува владеењето на правото што се гледа во неуспехот да се почитуваат парламентарните процедури, мешањето во судството и медиумите како и селективното гонење на политичките противници.
Извршната власт има обврска да ги извршува одлуките на Уставниот суд. Коментари на одлуки на Уставниот суд - да, меѓутоа стручни коментари и не мешање на властите во давање на вакви коментари. Каква порака се праќа со такви коментари, еве ја пораката – независноста на судството не постои.
Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Поранешната судијка во Меѓународниот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска вели дека пораката што ја испраќа власта со мешањето во судството како и со коментирањето на одлуките на Уставниот суд е дека „Независно судство не постои.“
Уставен суд на Македонија.
Уставен суд на Македонија.

„Извршната власт има обврска да ги извршува одлуките на Уставниот суд. Коментари на одлуки на Уставниот суд - да, меѓутоа стручни коментари и не мешање на властите во давање на вакви коментари. Каква порака се праќа со такви коментари, еве ја пораката – независноста на судството не постои“, вели Цаца Николовска.
Судството со години наназад се соочува со огромни потешкотии во функционирањето. Не зборувам само за оние директни влијанија кои се евидентни, како случајот со Министерот за здравство и штрајкот на лекарите, туку зборувам и за сите оние изјави коишто следат по апсењата со политичка заднина и кои во истиот момент праќаат сигнал до судот како треба понатаму да одлучува.
Уранија Пировска, Хелсиншки комитет.

Директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска вели дека главната причини за она што се случува во судството е директното влијание на Владата, која што во функција на исполнување на своите цели ги става сите институции.

„Судството со години наназад се соочува со огромни потешкотии во функционирањето. Не зборувам само за оние директни влијанија кои се евидентни, како случајот со Министерот за здравство и штрајкот на лекарите, туку зборувам и за сите оние изјави коишто следат по апсењата со политичка заднина и кои во истиот момент праќаат сигнал до судот како треба понатаму да одлучува“, вели Пировска.

Цаца Николовска додава дека ако досега се оценуваше легислативата и нејзината рамка која помина со позитивни резултати, но сега спроведувањето во пракса на истата станува очигледен проблем.

„Имаме ние ситуација, закон кој е донесен во 2010 година, каде што се зборува кои се критериумите за судство, значи колку луѓе треба од Академијата и дека треба судиите на основните судови да бидат луѓе кои ја посетувале обуката на Академијата, а ние во пракса што имаме, имаме пролонгирање на тој закон еве го досега до 2013-та година. Кое може да биде образложението ваков системски закон да биде одложуван и како сакате надвор да не ценат и кој ни е крив после?“, вели Цаца Николовска.

Пировска истакнува неколку слаби точки во судскиот систем кој што го систематски го поткопуваат владеењето на правото.

„Утврдувањето на мерката притвор како единствена мерка за обезбедување, меѓутоа и одолговлекувањето на постапките кога станува збор за случаите со политичка заднина. Хелсиншкиот комитет го следи одвивањето на овие постапки, може да се констатира дека, иако тоа се прави на можеби еден суптилен, деликатен начин, дека постои страв од страна на носителите на судската функција особено кога станува збор за случаите со политичка заднина“, вели Пировска.

Во извештајот на Фридом хаус Македонија доби пониска оценка во однос минатата година за правосудството и неговата независност откако беа увидени алармантни прекршоци во позната истражна постапка за извршено убиство, како и по политичкиот притисок врз судот од страна на министерот за здравство Никола Тодоров, кој по овој извештај сè уште не се произнел со став во јавноста.

Во извештајот на Стејт департментот има забелешки и за новите членови на Уставниот суд, за политичките затвореници како и за политичко мешање во судството, фаворизирање и корупција кои што ја забавуваат правдата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG