Достапни линкови

Чувар убил евреин на Западниот зид во Ерусалим


Израелската полиција соопшти дека чувар убил евреин кај Западниот ѕид во Ерусалим.
Портпаролот на полицијата, Мики Розенфелд изјави дека припадник на приватното обезбедување истрелал неколку куршуми кон човекот откако тој извикал на арапски "Господ е голем".
Чуварот мислел дека станува збор за палестински милитант, а не за евреин. Убиството се случило кога стотици еврејски верници се собрале за молитва на Западниот ѕид, на плоштадот во близина на Ридот на храмовите, почитуван од Евреите а каде е и третата џамија по значење за исламот - џамијата Ал-Акса.
XS
SM
MD
LG