Достапни линкови

Турција со критики за Германија околу разговорите за членство во ЕУ


Турција ја критикуваше германската канцеларка Ангела Меркел дека Берлин го блокира отворањето на ново поглавје во турските разговори за членство во ЕУ. Турскиот министер за надворешни работи Егемон Багис ја обвини Меркел дека го користи турското настојување за членство во ЕУ како политички материјал, додека таа настојува да биде реизбрана на изборите во Германија во септември.
До ова доаѓа откако германската влада го критикуваше одговорот на турските власти на антивладините протести.
Повеќето земји членки на ЕУ го поддржуваат членството на Турција во ЕУ додека политичарите во Франција и Германија се спротивставуваат.
XS
SM
MD
LG