Достапни линкови

Во НБА ништо ново, Мајами Хит повторно шампион


ЛеБрон Џејмс

ЛеБрон Џејмс

Кошаркарите на Мајами Хит ја одбранија титулата во НБА лигата, откако во решавачкиот седми натпревар од финалето на домашен терен ја совладаа екипата на Сан Антонио Спарс со 95:88.
Најдобар играч на натпреварот беше ЛеБрон Џејмс со 37 поени и 12 скокови. Двејн Вејд даде 23 поени и имаше 10 скокови.
Кај поразената екипа најзабележителен беше ветеранот Тим Данкан со 24 коша и 12 скокови.
XS
SM
MD
LG