Достапни линкови

Авганистан и Пакистан со меѓусебни обвинувања во СБ на ОН


Авганистанскиот и пакистанскиот претставник во Советот за Безбедност на ОН си разменија меѓусебни обвинувања околу присуството на исламистичките екстремисти во нивните зеднички гранични региони.
Авганистанскиот амбасадор Захир Танин изјави пред Советот за Безбедност дека терористите продолжуваат да престојуваат во Пакистан и дека тероризмот се користи како инструмент во надворешната политика.
Пакистансккиот амбасадор Масод Кхан реагиарше на изјавата наведувувајќи дека терористите оперираат од двете страни на границата и дека многу терористи извршуваат напади во Пакистан кои биле планирани во Авганистан.
До ова доаѓа откако Пакистан изјави дека ќе посредува авганистанските талибанци да одржат мировни разговори со САД. Но овој чекор го игнорира авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
XS
SM
MD
LG