Достапни линкови

logo-print

Груевски од Народните партии побара подршка за евроатлантските интеграции на Македонија


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на маргините на Самиот на Европската Народна партија во Виена оствари средби со повеќе премиери на земји-членки на ЕУ од редот на ЕПП, а неформална средба имал и со германската канцеларка Ангела Меркел.Со сите нив разговарав за она што е најважно во овој момент за Република Македонија, во контекст на главниот проблем, кој што не окупира поврзан со блокадата, која што ја имаме за нашето членствово ЕУ и во НАТО од страна на нашиот јужен сосед, изјави Груевски.Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ а во која се и министерот за надворешни работи Никола Поповски и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Владимир Ѓорчев, од вчера присуствува на редовниот самит на Европската народна партија
XS
SM
MD
LG