Достапни линкови

Знаењето е предуслов за добар и успешен бизнис


Илустрација.

Илустрација.

Кумановските стопанственици имаат потреба да бидат подобро информирани, побрзи и поефикасни за да бидат конкурентни не само на домашниот, туку и на странските пазари.

Успешни или помалку успешни, претставниците од кумановскиот бизнис сектор имаат потреба да бидат подобро информирани, побрзи и поефикасни за да бидат конкурентни не само на домашниот, туку и на странските пазари. Во соработка со Националниот совет за претприемништво и конкурентност, УСАИД, УНДП и локалната самоуправа на бизнисмените им нуди помош од секаков вид, бидејќи, како што вели Горан Лазаревски од Националниот совет, знаењето сè уште е слабост на нашиот бизнис сектор.
На нашата бизнис заедница да ѝ се понудат информации како подобро да извезуваат без да вложуваат дополнителни ресурси, бидејќи извозот по својата природа е скап и тежок процес, нашите бизнисмени да ги научиме на нови техники и докажани пристапи како подобро да извезуваат, да бидат поуспешни и поконкурентни.

„На нашата бизнис заедница да ѝ се понудат информации како подобро да извезуваат без да вложуваат дополнителни ресурси, бидејќи извозот по својата природа е скап и тежок процес, нашите бизнисмени да ги научиме на нови техники и докажани пристапи како подобро да извезуваат, да бидат поуспешни и поконкурентни“, вели Лазаревски и додава:
Горан Лазаревски.

Горан Лазаревски.


„Мораме да ги совладаме современите техники на работа, бидејќи како на мала земја со релативно ниско развиен бизнис сектор единствен начин да се избориме со конкуренцијата е да бидеме побрзи, поинформирани, поквалитетни од нив. Ние работиме токму на отстранување на тие слабости.“
Да се добијат информации за подобар пристап до мерките кои Македонија ги нуди за промоција на конкурентноста, преку неколку портали во соработка со Министерството за економија, на граѓаните, на лица, деловни субјекти за свое мислење, видување, коментари за прописите на Владата кои ги нуди при донесување закони. Компаниите да можат на бесплатен начин лесно да бидат препознаени од потенцијални инвеститори.

Наташа Станковиќ од проектот за унапредување на инвестирањето во извоз на УСАИД во Македонија вели дека преку промоција на електронски портали на компаниите во регионот во Куманово е:

„Да се добијат информации за подобар пристап до мерките кои Македонија ги нуди за промоција на конкурентноста, преку неколку портали во соработка со Министерството за економија, на граѓаните, на лица, деловни субјекти за свое мислење, видување, коментари за прописите на Владата кои ги нуди при донесување закони. Компаниите да можат на бесплатен начин лесно да бидат препознаени од потенцијални инвеститори од странство, а и самите македонски компании да имаат олеснет пристап до странските компании.“

Зоран Павловски смета дека Одделението за локален економски развој во Куманово секогаш настојува да им помогне на бизнис партнерите или да направи доверба за добра соработка помеѓу локалната самоуправа и бизнис секторот.

„Ова е добар начин како да се информираат, што нудат владините програми, што нудат другите агенции како УСАИД, УНДП, што нудат новите веб портали како конкурентност, електронски регистар, „Инвестирајте во Македонија“ за да бидат конкурентни на македонскиот и на другите пазари.“

Според Павловски, ова е прва работилница на која се вклучени надлежни на две-три нивоа.

„Едно е промовирање на новите електронски портали, друго е електронски регистри, трето, како конкретно да им се помогне на извозниците, како поблиску да се стапи до владини решенија, а локалната самоуправа сака да помогне, да биде како спрега за да ги доближи двете институции.“

Претставниците од локалниот бизнис сектор во Куманово велат дека сите информации се полезни, нема да биде лесно, но тие ќе настојуваат што поскоро да започнат со примена на сите новини во подобрување на нивниот бизнис.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG