Достапни линкови

logo-print

Секоја трета жена во светот жртва на насилство


Секоја трета жена во светот била жртва на сексуално, физичко или психичко малтретирање, и тоа најчесто од нејзиниот партнер, се вели во најновата студија на Светската здравствена организација. Жртвите често имаат и долгорочни последици и се подложни на депресии, алкохолизам или некои болести, се вели во извештајот. Овие заклучоци испраќаат силна порака дека насилството врз жената е глобален проблем со епидемиолошки размери, изјави директорот на СЗО Маргарет Чан.
XS
SM
MD
LG