Достапни линкови

Македонија и Грција договорени за името, да молчат!


Архивска фотографија: Медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Архивска фотографија: Медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Доколку има некои конкретни предлози зад кои што ќе застане владата, претседателот на државата, тогаш мислам дека ќе треба да се направат пошироки консултации за сите релевантни партии да преземат дел од одговорноста, вели претседателот на ДС Павле Трајанов.

По повиците од меѓународната заедница за отворен дијалог во спорот со името со Грција сè погласни се и барањата од страна на лидерот на ДУИ Али Ахмети за негово решавање. Медијаторот на ОН Метју Нимиц неодамна изнесе нов предлог за кој ниту двете страни не се изјаснија, туку само си ја префрлија вината. Ахмети порача дека за нив би била прифатлива референцата Горна или Северна Македонија.
Практично имаат договор да ги држат двете држави во заложништво на спор за кој отворено не сакаат да дискутираат ниту во својата јавност, ниту, пак, во македонското и во грчкото собрание соодветно. Навистина не можам да најдам ниту едно оправдување за молкот кој веќе со години владее за оваа суштинска тема за Република Македонија, а го стимулира, го создава и на него инсистира нашата влада.

Радмила Шеќеринска вели дека во јавноста, властите на двете земји испраќаат тврди пораки, но под маса нивниот впечаток е дека тие одлично соработуваат.

„Практично имаат договор да ги држат двете држави во заложништво на спор за кој отворено не сакаат да дискутираат ниту во својата јавност, ниту, пак, во македонското и во грчкото собрание соодветно. Навистина не можам да најдам ниту едно оправдување за молкот кој веќе со години владее за оваа суштинска тема за Република Македонија, а го стимулира, го создава и на него инсистира нашата влада“, вели таа.

Шеќеринска порачува дека не сакаат да шпекулираат со евентуалните предлози за решавање на спорот.
Доколку има некои конкретни предлози зад кои што ќе застане владата, претседателот на државата, тогаш мислам дека ќе треба да се направат пошироки консултации за сите релевантни партии да преземат дел од одговорноста доколку се дојде до некој компромис.

„Секоја невнимателна изјава, дадена во моменти на инспирација, дадена врз основа на некоја претходна шпекулација од други страни, ја нарушува преговарачката позиција на Македонија и ние токму со избегнувањето на ваквите замки покажавме дека на оваа тема не се трудиме да печалиме политички поени, туку дека сакаме да и помогнеме на државата“, вели Шеќеринска.

Лидерот на НСДП Тито Петковски вели дека тешко е и невозможно да има отвореност во јавноста за спорот со името додека премиерот Никола Груевски ја води државата, бидејќи неговото владеење тој го темели на предавници и патриоти.

„Ако тој излезе сега со некој предлог дека тој стои зад некоја идеја да речеме за промена на името, за некој компромис итн., ќе влезе во кругот на предавниците, такво нешто едноставно не е можно, јас не очекувам од Груевски и после овој последен притисок од САД. Инаку сосема логичен е тој предлог бидејќи седум години Груевски го држи како строго доверливо тоа прашање“, вели Петковски.

Според претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, праксата покажала дека отвореноста само ја руши позицијата на Македонија и тајната дипломатија добила поширока поддршка.

„Во секој случај, доколку има некои конкретни предлози зад кои што ќе застане владата, претседателот на државата, тогаш мислам дека ќе треба да се направат пошироки консултации за сите релевантни партии да преземат дел од одговорноста доколку се дојде до некој компромис“, вели Трајанов.

Според Петковски, предлогот за името треба да го даде владата, која постојано говори дека треба да се оди на референдум.

„Референдумското прашање треба да го предложи владата и Никола Груевски. Откако ќе го предложат, тогаш јас ќе кажам што мислиме ние како НСДП“, вели Петковски.

Трајанов вели дека за нив е прифатлива промена на референцата БЈРМ со предлог кој не би го загрозил националниот идентитет.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG