Достапни линкови

Невладиниот сектор во Македонија се обидува да биде влијателен фактор во креирањето на јавното мислење, но честопати не успева во тоа.

Невладиниот сектор во Македонија се обидува да биде влијателен фактор во креирањето на јавното мислење, но честопати не успева во тоа, констатираат упатените. Една од причините за недоволната моќ да промени одредени состојби во општеството и да наметне свое мислење е умешноста на власта и на партиите одредена идеја да ја партизираат, вели Александар Цветкоски од невладината АГТИС.
Партиите имаат свои испостави и секогаш можат една идеја да ја партизираат, може да направат контра протести, тие веќе имаат механизми да глумат невладини организации.

„Партиите имаат свои испостави и секогаш можат една идеја да ја партизираат, може да направат контра протести, тие веќе имаат механизми да глумат невладини организации“, вели Цветкоски.
Протест за изградба на црквата Св. Константин и Елена пред Општина Центар во Скопје организиран од граѓанската иницијатива Веритас.

Протест за изградба на црквата Св. Константин и Елена пред Општина Центар во Скопје организиран од граѓанската иницијатива Веритас.


Неспорно е дека граѓаните имаат моќ и можност да ја променат реалноста, особено работите кои не им се допаѓаат. Но она што во земјава недостасува е недоволната развиеност на граѓанскиот активизам како концепт и идеја, вели политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети.
Имаме голем недостаток на анимирање на граѓаните за одредени теми коишто ги засегаат, па дури и кога се тоа суштински прашања. Кога зборуваме за граѓански активизам обично мислиме на невладини организации, меѓутоа граѓанскиот активизам не значи само тоа, туку ги вклучува и самите граѓани.

„Имаме голем недостаток на анимирање на граѓаните за одредени теми коишто ги засегаат, па дури и кога се тоа суштински прашања. Кога зборуваме за граѓански активизам обично мислиме на невладини организации, меѓутоа граѓанскиот активизам не значи само тоа, туку ги вклучува и самите граѓани“, вели Мехмети.

Секако дека невладините имаат одредено влијание, но ефектите зависат од кредибилитетот на самата организација и капацитетот на луѓето кои актуелизираат одредено прашање во одреден период, вели Цветкоски. Тој вели дека власта секогаш се обидува да ги манипулира луѓето затскривајќи се зад одредени невладини организации, но дека не секогаш тоа им успева. Посочува примери преку кои се докажало дека невладините можат да извршат одредено влијание врз некои општествени состојби кои во моментот предизвикале јавна расправа.

„Во декември еве се случи со земјоделските субвенции, за нив се зборуваше скоро до одвивањето на изборите, а и владата ги заостри критериумите за доделување земјоделски кредити“, вели Цветкоски.

Пасивното однесување на граѓаните е резултат на традицијата и недостаток на едукација, но секако и недостаток на промовирање на свеста за улогата и значењето на граѓанскиот активизам, но и неразбирање од страна на властите за користа што тие можат да ја имаат ако ги овозможат таквите граѓански реакции, вели Мехмети.

„Недостасува еден поактивен јавен дискурс којшто би бил поддржан од медиумите, каде што ќе се промовираат овие вредности од страна на граѓанскиот сектор како еден коректор на она што го прави власта или државата“, вели Мехмети.

Во последниот период во земјава се случија неколку протести организирани од невладини здруженија и организации. Експертите посочуваат дека независно од нивниот краен ефект тие се примери кои се резултат на одредено осознавање на граѓаните и ширење на кругот на луѓето кои почнуваат да ја сфаќаат улогата на граѓанскиот активизам.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG