Достапни линкови

logo-print

Во Бугарија и натаму продолжуваат анти - владините протести


Софија

Софија

Неколку илјади лица и синоќа се собраа на антивладини протести во Софија, иако Парламентот вчера ја укина одлуката за именување на контроверзниот медиумски магнат Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност, чиј избор беше повод за демонстрациите.
Учесниците на протестите, кои се одржаа шести ден по ред, извикуваа „Мафија!“ и „Оставка!“, барајќи оставка на Владата на бугарскиот премиер Пламен Орешарски. Орешарски, кој на функцијата беше избран пред три недели, призна дека изборот на Пеевски било грешка, но одби да поднесе оставка, бидејќи, како што оцени, падот на Владата би ја дестабилизирал земјата.
XS
SM
MD
LG