Достапни линкови

Оставка на косовскиот офицер за врска во Белград


Љуљзим Пеци

Љуљзим Пеци

Косовскиот офицер за врска во Белград, Љуљзим Пеци поднесе оставка од функцијата, само два дена по преземањето на оваа должност. Причина за тоа е интервју на Пеци, во кое тој изјавил дека Косово и Србија може да имаат нормални односи само ако Србија ја признае косовската независност.
Србија и Косово на 17 јуни разменија офицери за врски, чија задача е да ја олеснат комуникацијата во рамките на имплементацијата на Договорот од Брисел.
Офицер за врска на Србија при Канцеларијата на ЕУ во Приштина е Дејан Павиќевиќ.
XS
SM
MD
LG