Достапни линкови

Жена предложена за нов чешки премиер


Најголемата партија во чешката владејачка коалиција ја предложи Мирослава Немцова, претседател на парламентот, за иден премиер, на местото на Петр Нечас, кој си поднесе оставка по корупцискиот скандал. За да биде избрана таа, партијата ОДС треба да добие согласност од нејзините коалициски партнери, од претседателот Милош Земан и од парламентот.
Ако биде избрана, Немцова ќе биде прва жена премиер во Чешка.
Доколку не биде постигната согласност, најверојатно ќе бидат одржани предвремени избори.
XS
SM
MD
LG