Достапни линкови

logo-print

Бразил: полицијата со солзавец и гумени куршуми против демонстрантите


Властите на двата најголеми града во Бразил, Рио де Жанеиро и Сао Пауло, ги забранија прошетките кои ги предизвикаа најголемите антивладини протести во оваа земја во последните години. Ова е објавено вчера, откако беа најавени нови протести, меѓу кои и во Форталеза, каде што се играше фудбалскиот натпревар Бразил- Мексико, во рамките на Купот на Конфедерациите. Полицијата користела солзавец и гумени куршуми за да ги запре демонстрантите.
Протестите во земјата се одвиваат против корупцијата, лошите владини политики и огромните суми пари потрошени за подготовките на Светското првенство во фудбал, што ќе се одржи наредната година и за Олимписките игри во 2016 година.
XS
SM
MD
LG