Достапни линкови

За Долче и Габана по 20 месеци затвор


Италијанскиот суд ги осуди модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана на по 20 месеци затвор за даночно затајување. Судот во Милано вчера заклучи дека тие биле виновни за непријавување на приход во висина од милијарда евра и за неплаќање на стотици милиони евра данок.
Тоа се случило во 2004 година, кога Долче и Габана го продале нивниот бренд на компанија со седиште во Луксембург, наводно за да се избегне плаќање на данок. Дизајнерите ги отфрлија обвинувањата. Тие можат да ја обжалат казната во процесот кој се одвиваше со години.
Досегашните вакви случаи во Италија беа решавани со вонсудски спогодби.
XS
SM
MD
LG