Достапни линкови

Оставка на Пеци како офицер за врска во Белград


Пеци во Белград 17.06.2013

Пеци во Белград 17.06.2013

Офицерот за врска на Косово во Белград Љуљзим Пеци поднесол оставка. Ова за Радио Слободна Европа го потврдија извори во канцеларијата на косовската претседателка Атифете Јахјага. Оставката на Пеци кој во Белград пристигна во почетокот на неделава, како што се дознава, било поради тоа што косовскиот премиер Хашим Тачи ја критикувал неговата изјава оти вистинската нормализација на односите меѓу Белград и Приштина ќе биде кога Србија ќе ја признае независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG