Достапни линкови

Турската полиција ги потрошила резервите на солзавец


Истанбул

Истанбул

Турската полиција речиси целосно ги потрошила резервите на солзавец и се подготвува тендер за набавка на специјални средства, објави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Исто така, е предвидено зголемување на бројот на транспортни средства за справување со немири. Турските сили за безбедност за време на неколкунеделните протести во земјата, според некои проценки, употребиле околу 130 илјади гранати со солзавец. Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека полициските сили ќе бидат засилени.
XS
SM
MD
LG