Достапни линкови

logo-print

МПЦ ја подели Полошко-кумановската епархија


Светиот Синод на Македонската православна црква Охридска архиепископија на денешната седница, меѓу другото, реши да ја подели Полошко-кумановската епархија на два дела. Согласно едногласно упатениот предлог од страна на Архиерејскиот епископско-црковно народен собор Полошко-кумановската епархија се дели на Кумановско-осоговска православна епархија со седиште во Куманово и Тетовско-гостиварска православна епархија со седиште во Тетово.
XS
SM
MD
LG