Достапни линкови

Николиќ: Србија покажа дека може и со Русија и со ЕУ


Српскиот претседател Томислав Николиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска во Белград изјави дека Србија во изминатата година покажала дека е можно истовремено да се градат квалитетни односи со Русија и да се бара членство во Европската унија. Тој ова го оцени по состанокот со секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев. Српскиот претседател притоа уште еднаш го истакнал ставот за воена неутралност на Србија, односно нејзиното неучество во глобалните воени сојузи.
XS
SM
MD
LG