Достапни линкови

logo-print

И амбасадорите на земјите членки на ЕУ "за" брзо решение за името


Вице-премиерот Фатмир Бесими, денеска оствари средба со амбасадорот на Европска Унија во Македонија Аиво Орав и со амбасадорите на земјите членки на Унијата, со цел нивно информирање за остварениот напредок на Република Македонија во пресрет на јунскиот самит на Европскиот совет, соопштија од Секретаријатот за евроинтеграции.
На средбата биле истакнати активностите преземени за адресирање на една од клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво, слободата на изразување и медиумите.
Амбасадорите укажале на потребата од потпишување на меѓу-партиски Меморандум со кој ќе се утврди заложбата на сите релевантни страни кон процесот на евроинтеграција.
Тие ја истакнале важноста одунапредување на добрососедските односи, со посебен акцент за потребата од брзо изнаоѓање взаемно прифатливо решение за прашањето со името.
XS
SM
MD
LG