Достапни линкови

Кафулињата на тротоар, пешаците на улица


Кумановци се жалат на расплосланите кафулиња по тротоарите во центарот на градот. Велат дека кога бизнисот е во прашање тука владее само моќта на парите. За таквата оваа состојба многумина се надлежни и никој не е надлежен.

Маси и столици на пешачки патеки, по некој мотоцикл, паркирани возила на коловозите, градските плоштади зафатени со кафулиња, пензионерите седнати на клупите, а малите деца и пешаците секаде треба максимално да внимаваат или од некој мотоциклист кој слободно се рашетува, или пак да не седнат на некоја маса не сакајќи,... Таква е сликата на центарот на Куманово.
Лоша работа. Кога поминувам по тротоарот мора да поминам преку улица, а таму пак возила, сообраќајот е незгодна работа.

Началникот на кумановската полиција Момчило Јакимовски неодамна најавил дека ќе се преземат мерки за отстранување на нелегално поставените кафулиња на пешачки простор. Кумановци оддамна навикнати на ваквата состојба велат дека кога бизнисот е во прашање тука владее само моќта на парите. Кои се тие што поставиле маси на тротоарите некои велат дека не ги знаат, а вработените во ​кафулињата освен што можат да ве прашаат што треба да ве услужат за друго не се надлежни. Некои од граѓаните велат дека знаат кој профитира од тоа, дека тука партиската припадност не е битна, но не е нивно да кажуваат, додавајќи дека не се плашат од никого. Сепак,...
Нема шанси, во прашање се парите. Нас граѓаните никој не не прашува. И тие луѓе работат за пари, бизнис е во прашање. И од тоа некој има полза, има и општина, министерство и инспекција, сите имаат полза, само ние немаме.

Еве што мислат некои од граѓаните:

„Лоша работа. Кога поминувам по тротоарот мора да поминам преку улица, а таму пак возила, сообраќајот е незгодна работа.“

„Не ми е многу јасно, не е во ред. Но тоа е тоа. Не е пријатно.“

„Сетоа тоа треба да се затвори. Еве, наместо децата да се играат тука, сега е зафатено. Мотори, велосипеди, во нашето време полицаецот ќе ти извадеше тркало ако возиш по плоштадот, сега нема ниту полиција, ниту ништо.“

„Го заземале тротоарот, не можеш да помнеш, покрај келнерот ќе поминуваш. “

„Нема во оваа држава виновен.“

„ Локална самоуправа, тие им даваат дозволи и земаат пари за кирија.“

„Во близина на градинка кафуле изградиле, секаде кафулиња, наместо култура да градат, тие отвораат кафулиња. Тоа му е.“

„Не треба да има, лошо се чувствувам, непријатно. Поминувам покрај „Пилко“,луѓе седат, ќе поминеш на друго место, луѓе седат.“

РСЕ: Ќе се реши ли овој хаос?

„Ајде најди ми еден полицаец. Еден час ќе шетаме, најди ми полицаец, јас ќе ти платам.“

„Нема шанси, во прашање се парите. Нас граѓаните никој не не прашува. И тие луѓе работат за пари, бизнис е во прашање. И од тоа некој има полза, има и општина, министерство и инспекција, сите имаат полза, само ние немаме.“

РСЕ: Кој е надлежен?

„Мислам дека Градскиот совет што дозволиле, тие им наплаќаат. Не знам кој има надлежност, не знам кое министерство е надлежно. И во Скопје и секаде е така.“

За оваа состојба многумина се надлежни и никој не е надлежен. Вообичаено појава на префрлање на топката на одговорноста од една на друга страна. Времето си врви,а парите секогаш вртат и таму каде што бургијата не може, порачуваат кумановци со кисела насмевка, во знак на немоќта.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG