Достапни линкови

Македонија лидер по невработеност на младите во регионот


Македонија е лидер во регионот по невработеност на младите, потврди и Светската банка во својот последен извештај, во кој се наведува дека 53 проценти од младите на возраст од 15 до 24 години во Македонија се невработени.

И покрај намалувањето на невработеноста, горлив проблем останува високата стапка на невработени млади. Државниот завод за статистика пред некој ден информираше дека стапката на невработеност во Македонија во првото тримесечје од годинава се намалила и изнесува 29,9 проценти, во споредба со првиот кваратал од минатата година кога изнесувала 30,6 проценти. Статистика објави дека 53, 5 отсто од невработените се на возраст од 15 до 24 години.

Дека Македонија е лидер во регионот по невработеност на младите потврди и Светската банка во својот последен извештај, во кој се наведува дека 53 проценти од младите на возраст од 15 до 24 години во Македонија се невработени.
Не треба да се земаат за многу релевантни бројките со оглед на тоа што многу од младите заминуваат во странство да работат, и не само младите и постарите, така да бројката треба да е далеку повисока од тоа.
Кире Василев, „Солидарност“.

Таа бројка е поголема вели Кире Василев, магистер по Европски студии и активист во движењето „Солидарност“.

„Не треба да се земаат за многу релевантни бројките со оглед на тоа што многу од младите заминуваат во странство да работат, и не само младите и постарите, така да бројката треба да е далеку повисока од тоа.“
Спиро Ристовски - министер за образование и Диме Спасов - министер за труд и социјална политика.
Спиро Ристовски - министер за образование и Диме Спасов - министер за труд и социјална политика.

Освен овој проблем во извештајот на СБ се наведува и тоа дека во земјава степенот на сиромаштија изнесува 32,2 проценти, а стапката на невработеност минатата година е проценета на 31,2 проценти.

Државниот завод за статистика објави дека од невработените повеќе од 40.183 се со високо образование. Освен тоа во 2012 имало за 6 проценти повеќе дипломци за разлика од 2011-та.
Истражувањата покажуваат дека они млади кои имаат високо образование имаат иста шанса да се вработат со оние млади кои завршиле само средно образование, тоа значи дека нас ни треба една детална анлиза од страна на државата за тоа какви кадри се бараат, што бараат компаниите, што бара државната администрација, кои квалитети ги вреднува.
Сандра Атанасовска, Младински образовен форум.

Агенцијата за вработување, Државниот завод за статистика и Министерствата за труд и социјална работа и за образование неодамна на заедничка прес конференција објавија дека од 224 илјади луѓе во евиденцијата на Агенцијата за вработување нешто помалку од 100 илјади активно бараат работа.

Сандра Атанасовска од Младински образовен форум вели дека во Македонија има многу образовани кадри за кои нема потреба на пазарот на трудот.

„Истражувањата покажуваат дека они млади кои имаат високо образование имаат иста шанса да се вработат со оние млади кои завршиле само средно образование, тоа значи дека нас ни треба една детална анлиза од страна на државата за тоа какви кадри се бараат, што бараат компаниите, што бара државната администрација, кои квалитети ги вреднува.“

Во извештајот на Светска Банка се наведува дека земјите не креираат работни места доволно брзо за да ги апсорбираат новите кадри во пазарот на трудот. Од Светска Банка велат дека креирањето повеќе и подобри работни места бара мулти-секторска политичка агенда, која ќе ги надмине традиционалните мерки и регулации на пазарот на трудот.

Василев вели дека првин треба да се лоцира капацитетот со кој располагаат младите, потоа владата да отвори проекти со кои ќе ги ангажира тие луѓе за тие луѓе да не бидат демотивирани и да бараат иднина надвор од државата.

„Нас ни е исто така многу битен влезот во ЕУ, за да може да црпиме што повеќе фондови од таму и да располагаме со останати фондови кои се наменети за делот од таа глобална структура и тн. Меѓутоа потребни се активни политики со кои државата ќе реотвара објекти ќе ги ангажира младите луѓе кои бараат работа во Македонија и кои сакаат да останат во Македонија, тоа би било клучно.“

Во интервју за Радио Слободна Европа директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски потврди дека во последните години има хиперпродукција на обраозвни кадри кои пазарот на труд не може да ги прифати.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG