Достапни линкови

logo-print

Нападнато седиштето на UNDP во Сомалија, 15 загинати


Седиштето на Програмата за развој на Обединетите Нации во близина на главниот град на Сомалија, Могадишо, денеска било нападнато и во него имало престрелка. Најнапред бомбаш самоубиец активирал експлозив на влезот, а потоа вооружени напаѓачи влегле внатре, при што дошло до престрелка. Според сомалијскиот министер за внатрешни работи, во инцидентот загинале 15 лица, од кои 4-ца припадници на УНДП, 4-ца сомалијски стражари и 7-мина милитанти. Одговорноста за нападот ја превзеде милитантната група Ал Шабаб, кој е поврзана со Ал КАеда. Седиштето на УНДП во близина на Могадишо е и база на Африканските мировни сили кои се распоредени во Сомалија.
XS
SM
MD
LG