Достапни линкови

Продолжуваат протестите во големите градови во Бразил


Десетици илјади луѓе ги продолжуваат протестите во поголемите градови во Бразил против корупцијата, лошите владини услуги и огромните суми пари потрошени за подготовките на Светското првенство во фудбал, што ќе се одржи наредната година. Иако помалку во однос на понеделникот, сепак, околу 50 илјади луѓе се собраа синоќа на протести во Сао Паоло. Претседателот на Бразил, Дилма Русеф изјави вчера дека се согласува со барањата за подобар јавен сервис за граѓаните и поодговорна влада, оценувајки дека демонстрациите ја покажуваат силата на демократијата во земјата.
XS
SM
MD
LG