Достапни линкови

logo-print

Карзаи ги прекинува преговорите со САД


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги прекинал разговорите со Соединетите Држави околу договорот за останување на дел од американските војници во Авганистан и по 2014-та година, за кога е предвидено повлекувањето на странските сили од таа земја. Портпаролот на Карзаи, Аимал Фајзи изјави дека причина за ваквиот чекор се разликите меѓу она што го зборува американската влада и она што го прави во врска со мировните преговори во Авганистан. Вчера САД и Талибанците изразија готовност за директни преговори.
XS
SM
MD
LG