Достапни линкови

logo-print

За русите најпријателска Белорусија, најнепријателски САД


Мнозинството руси, за најпријателска земја ја сметаат Белорусија, а потоа следуваат Казахстан, Кина, Украина и Германија, покажува најновото истражување на јавното мислење во Русија. На листата на најнепријателски земји, според анкетата, на прво место се Соединетите Држави, па следуваат Грузија, Литванија, Летонија и Естонија. На прашањето дали Русија треба да ги зајакне односите со муслиманскиот свет, 52 насто одговориле потврдно.
XS
SM
MD
LG