Достапни линкови

Aнтивладини протести во Бугарија, 9 - мина уапсени


На синоќешните протести кои петти ден по ред се одржуваат пред зградата на Владата во Софија, биле упасени девет лица. Од бугарската полиција рекоа дека станува збор за лица кои поседувале ладно оружје. На протестите синоќа се собрале околу 7000 лица во Софија а протести имало и во Пловдив и во Варна. Повод за овие протести беше изборот на контроверзниот бизнисмен и пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС), Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС). Пеевски се повлече од функцијата уште наредниот ден но протестите со барање за оставка на Владата и за одржување нови избори продолжуваат. .
XS
SM
MD
LG