Достапни линкови

Една година откако Асанж пребега во амбасадата на Еквадор


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж навршува една година откако живее во амбасадата на Еквадор во Лондон. Тој побегна во амбасадата на 19 јуни 2012 за да избегне екстрадиција во Шведска каде што треба да биде испрашуван во врска со наводите за сексуален напад. Тој ги негира наводите. Еквадор му понуди дипломатски азил. Во интервјуата дадени по повод годишнината, Асанж рече дека стравува дека ако ја напушти амбасадата би можел да биде предаден на американските власти кои би му суделе за најголемото протекување на класифицирани информации во историјата.
XS
SM
MD
LG