Достапни линкови

УНХЦР:Бројот на бегалците најголем во последниве 18 години


Агенцијата на ООН за бегалци соопшти дека годинава бројот на бегалците се зголемил на 45.2 милиони што е најголема бројка во изминативе 18 години. Во годишниот извештај на УНХЦР се вели дека зголемувањето се должи најмногу на конфликтите во Сомалија, Мали и др. Во глобални рамки, 7,6 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во 2012 или по едно лице на секои 4 секунди. Еден од четворица бегалци во светот е од Авганистан.
XS
SM
MD
LG