Достапни линкови

САД и Талибанците ќе отпочнат мировни преговори


Пакистан го поздрави отварањето на авганистанска талибанска канцеларија во Катар и најавата дека САД и Tалибанците ќе отпочнат мировни преговори. Пакистан беше клучен поддржувач на Талибанците сите години наназад и им дозволуваше засолниште на милитантите. САД и Талибанците се очекува да седнат на заедничка маса уште денеска , во Доха. Во соопштението од страна на Талибанците се вели дека тие се за политичко решение на состoјбата во Авганистан. Се очекува САД да побарат од Талибанците експлицитно да се откажат од Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG