Достапни линкови

Берлин: Обама ќе предложи намалување на нуклерното оружје на Русија и САД


Висок американски претставник изјави дека американскиот претседател Барак Обама ќе предложи САД и Русија да ги намалат нивните стратегиски нуклеарни боеви глави уште за една третина. Претставникот на Обама рече дека тој тоа ќе го соопшти во рамките на денешниот говор во Берлин. Обама ќе предложи и намалување на руското и на американското тактичко нуклеарно оружје во Европа.Обама во Берлин пристигна синоќа што е негова прва посета откако е на функцијата. Се очекува да оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел и да одржи говор пред Бранденбуршката Капија . Во текот на својот прв мандат тој два пати ја посети Германија, но не и Берлин.
XS
SM
MD
LG