Достапни линкови

Хашим Тачи: нема да има промена на границите


Премиерот на Косово Хашим Тачи, за автстриски „Пресе“ изјави дека на Косово нема да има промена на границите ниту размена на територии, и дека тоа јасно го истакнал во сите средби со српскиот премиер Ивица Дачиќ.

„Косово не работи на тоа да ги менува границите, туку да ги отвора. Ние го изразивме својот легитимен став во однос на Албанците во Прешевската долина. Тие треба да ги уживаат своите демократски и национални права“,

изјавил Тачи. Запрашан за изјавите на Сали Бериша за Голема Албанија, Тачи оценил дека меѓународната заедница можеби погрешно ги разбрала неговите изјави.
XS
SM
MD
LG