Достапни линкови

logo-print

Албанските затвори „обезбедени“ пред изборите


Во албанските затвори пред одржување на парламентарните избори воведена е целосна забрана за издавање на дозволи за излез на затворениците, посети од роднините, а целосно e зајакната и безбедноста во овие институции.
Наредбата ја издал директорот на албанските затвори, Гезим Дибра со која истовремено на повисок степен е подигната безбедноста во сите затвори, јави транската телевизија АБЦ њус.
На претстојните парламентарни избори во Албанија правото на глас ќе го остварат пет илјади затвореници, кои ќе гласат на 19 избирачки места.
XS
SM
MD
LG