Достапни линкови

За 6 % зголемен бројот на дипломирани во 2012 во однос на 2011


Во Македонија е големен бројот на дипломирани студенти за 6 насто во 2012 во однос на 2011 година.
Во 2012 година дипломирале 10.392 лица на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи, што е за шест проценти повеќе во однос на 2011 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број дипломирани, 79.8 отсто биле редовни, а 20.2 вонредни студенти.
На државните универзитети дипломирале 8.213, а на приватните 2.172. Меѓу дипломираните има повеќе жени од мажи.
XS
SM
MD
LG