Достапни линкови

СБ: македонската економија со раст од 1,4 насто


Во најновиот извештај на Светска банка, објавен денеска се предвидува раст на македонската економија во оваа година од 1,4 насто. Се очекува растот постепено да забрзува во втората половина од годината со имплементање на планот за јавни и странски директни инвестиции, се вели во Извештајот. Според Светската банка, загрижува тоа што ова закрепнување нема да влијае врз намалување на невработеноста која во некои земји од регионот се движи над 30 проценти, како и на сиромаштијата која е повеќе од 32 насто. Особено загрижува невработеноста кај младите која во Македонија изнесува 53 проценти.
XS
SM
MD
LG