Достапни линкови

Лавров: Иран подготвен да прекине со збогатување ураниум


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Иран е подготвен да го прекине производството на збогатен ураниум, потег што би можело да води до олеснување на економските санкции против Техеран. Тој во интервју за кувајтската новинска агенција КУНА оценува дека суспензијата на збогатувањето ураниум на 20 насто би можело да претставува конструктивен чекор и да ги намали тензиите меѓу Западот и Иран. Санкциите беа воведени од Обединетите нации поради страхувањата дека Техеран ја користи нуклеарната програма за да дојде до атомско оружје.
XS
SM
MD
LG