Достапни линкови

Ердоган: Солзавецот е природно право на полицијата


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска оцени дека употребата на солзавец во демонстрациите во земјата било природно право на полицијата. „Што требаше да прават, да излезат и да пукаат со куршуми, да употребуваат оружје“, запраша тој во говорот пред парламентарната група на неговата Партија на правдата и развојот. Полицијата денеска приведе повеќе десетици лица, извршувајќи упади во нивните домови, како и во два медиума во рамки на координираната акција што се изведува во целата земја по тринеделните протести против власта.
XS
SM
MD
LG