Достапни линкови

logo-print

НАТО веќе нема борбени операции во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека сојузничките војници нема да водат борбени операции во Авганистан и оти нивната нова мисија ќе биде обука и давање помош на авганистанските безбедносни сили. Претходно претседателот на Авганистан Хамид Карзаи на церемонија во Кабул изјави дека авганистанските сили го преземаат обезбедувањето на земјата од војниците на НАТО. Во Авганистан во моментот се распоредени околу 97 илјади припадници на НАТО, а нивното повлекување е планирано за крајот на идната година.
XS
SM
MD
LG