Достапни линкови

Обама во дводневна посета на Берлин


Американскиот претседател Барак Обама денеска по завршувањето на самитот на Групата осум најразвиени земји во Северна Ирска заминува за Берлин, на разговори со германскиот канцелар Ангела Меркел. За време на посетата Обама ќе одржи говор на источната страна на Бранденбуршката капија, 50 години откако тогашниот американски претседател Џон Кенеди ја изрази неговата солидарност со граѓаните на Берлин.
XS
SM
MD
LG