Достапни линкови

Демократијата се намалува, власта молчи


Демократијата во Македонија е во пад според последниот извештај на Фридом хаус. Опозицијата вели дека извештајот го потврдува она што го гледаме секој ден, власта засега без реакција.

Македонија е во слободен пад на сите рејтинг листи поради лошото владеење, е реакцијата на СДСМ по објавувањето на извештајот на Фридом хаус.
Една грешка можеби би можела да биде мета за невнимание или за политика со недобро анализирани последици, меѓутоа она што го гледаме во изминативе 7 години е систематско одземање на слободите на граѓаните и системско гушење на печатот, на медиумите и на слободната мисла. Апсолутно немам дилеми дека власта знае каде ја бутка Македонија.
Радмила Шеќеринска, СДСМ.

Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека по намалениот кредитен рејтинг на земјава, сега ги добиваме и овие извештаи кои го потврдуваат она што го гледаме секој ден, а тоа дека се влошува демократијата во земјава, се намалуваат шансите за независно судство, а состојбите со медиумите се во постојано влошување и тоа покажува дека стегањето на авторитарниот обрач во кој се наоѓа Македонија не е добар ниту за државата, а уште помалку за граѓаните.

„Една грешка можеби би можела да биде мета за невнимание или за политика со недобро анализирани последици, меѓутоа она што го гледаме во изминативе 7 години е систематско одземање на слободите на граѓаните и системско гушење на печатот, на медиумите и на слободната мисла. Апсолутно немам дилеми дека власта знае каде ја бутка Македонија“, вели Шеќеринска.
Очигледно е дека тоа се пречести случаи штом е нотирано во ваков извештај. Конкретен начин за справување со ваквите постапки е премиерот да побара оставка од неговиот министер кој ги нарушува процедурите и практично на овој начин е нотирано дека извршил злоупотреба својата позиција.
Ивон Величковски, Либерална партија.

Таа додава дека не е сигурна само дали власта е свесна е колкава цена на крај ќе плати за ваквото владение.

„Граѓаните во многу држави во светот покажаа дека имаат трпение, ама дека во одреден момент бесот на народот, на граѓаните, на гласачите, станува толку голем што ниту една автократска власт нема да може да го исконтролира. Јас се надевам дека Македонија нема да мора да минува низ вакви премрежија кои што скапо ги чинат сите.“

Доблесно и политички коректно е премиерот да побара оставка од министерот за здравство Никола Тодоров по извештајот на Фридом хаус каде што е наведено дека извршил нападен политички притисок врз судството, вели пратеникот од Либералната партија Ивон Величковски. Очигледно е дека ова е честа појава, објаснува Величковски.

„Очигледно е дека тоа се пречести случаи штом е нотирано во ваков извештај. Конкретен начин за справување со ваквите постапки е премиерот да побара оставка од неговиот министер кој ги нарушува процедурите и практично на овој начин е нотирано дека извршил злоупотреба својата позиција.“

Во Министерството за здравство ни рекоа дека прво сакаат да го погледнат извештајот, а подоцна ќе излезат со став. Се обидовме да добие коментар и од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, но директорот на Центарот за комуникации Илија Димовски не одговори на нашите повици.

Величковски додава дека е јасно оти во последно време власта во континуитет, ниту посветува внимание на вистинските судски реформи, ниту посветува внимание на владеењето на правото. Прв сигнал за загриженост требаше да ни биде извештајот на Стејт Департментот кој што има имаше дарежливи формулации, а истото се однесува и на овој извештај на Фридом хаус, објаснува Величковски.

„Суштински проблем со кој се соочуваме во општеството е токму владеењето на правото. Овој извештај мислам дека нотира директно видливи слабости, но тие се присутни во секојдневниот живот на сите нивоа и ги чувствуваат граѓаните подеднакво. Затоа мислам дека доколку не се посветиме сите, а особено власта која во континуитет во овие 7 години практично ги подрива капацитетите на владеењето на правото, ќе имаме уште поголеми проблеми кои ќе го направат нашето општество и нашиот правен систем неодржлив и нефункционален.“

Неодамна премиерот Никола Груевски на прославата на 22-годишнината од постоењето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ги обвини опозицијата и дел од интернет порталите дека неправедно го ставаат во група на автократски владетели.

„И сега јас не сум премиер на граѓаните туку диктатор кој владее автократски. Што според нив, и ние и народот треба да заклучиме? Треба да заклучиме дека не се тие виновни. Не е виновен самонаречениот папа и овие од старо – новото раководство кои зад себе немаат еден – единствен проект, ниедна мерка по која можеме да ги паметиме, туку виновен е народот кој поддржува режим од кој се плаши. Тотално забегана ситуација“, рече Груевски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG