Достапни линкови

logo-print

Ќе допрат ли пораките на Рикер до државниот врв?


Министерски состанок на Партнерската комисија на САД - Јадранската повелба.

Министерски состанок на Партнерската комисија на САД - Јадранската повелба.

Пораките на Филип Рикер треба да се прифатат како добронамерни, велат аналитичарите. Но, според нив, нема подготвеност кај политичката елита, односно, иако прашањето за спорот со името со Грција е високо на агендата на нашите политички елити, нe е високо на извршната агенда.

Во рамките на македонското претседавање во Јадранската повелба денеска во Скопје се одржува состанок на Партнерската комисија на ниво на министри за надворешни работи. На средбата покрај претставници на земјите членки на Јадранската повелба: Македонија, Хрватска, Албанија, Црна Гора и БиХ учествува и заменик помошникот на американскиот државен секретар, Филип Рикер.
Суштински да се види дека тоа што тој го предлага и не охрабрува да го сториме е за наше добро, независно од тоа како некој гледа кај нас на целиот процес, неговите намери и неговите изјави се добронамерни. Се надевам дека така и ќе бидат прифатени како од власта, така и од опозицијата.

Тој вчера на македонските власти им порача да го следат примерот на Косово и Србија за решавање на проблемите и ги охрабри да го искористат моментот преку дијалог да најдат решение за спорот со името со Грција, не само меѓу партиите, туку и со јавноста.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека зборовите на Рикер како проверен пријател на Македонија треба да се прифатат како добронамерни.
Заменик помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер.

Заменик помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер.


„Суштински да се види дека тоа што тој го предлага и не охрабрува да го сториме е за наше добро, независно од тоа како некој гледа кај нас на целиот процес, неговите намери и неговите изјави се добронамерни. Се надевам дека така и ќе бидат прифатени како од власта, така и од опозицијата.“

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека досега никој така отворено како Рикер не укажал на патот кој Македонија треба да го следи. Според него, како што Србија се ослободила од митот за Косово, така и Македонија треба да раскрсти со својот мит.
Прво треба да отвориме еден стратешки дијалог со самите себе околу тоа како да се ослободиме од еден мит кој не притиска и не ограничува во решавањето на проблемите со нашите соседи. Политичката елита да не го затвора тој проблем, да си го држи за себе и да калкулира со наредните избори.

„Прво треба да отвориме еден стратешки дијалог со самите себе околу тоа како да се ослободиме од еден мит кој не притиска и не ограничува во решавањето на проблемите со нашите соседи. Политичката елита да не го затвора тој проблем, да си го држи за себе и да калкулира со наредните избори.“

Но, според него, нема подготвеност кај политичката елита, бидејќи нивната позиција е изградена со оживување на историјата.

„Тие елементи се вградени веќе и во домашната политика и сето тоа ја прави многу тешка нивната лична позиција како политичари, сега тие треба да речат дека во нешто грешеле, тоа луѓето не сакаат да го кажат и оттаму поверојатно е дека тие нема да се откажат од својата интерпретација на историјата, нешто што не доведува до судир со Грците.“

Според Муслиу, прашањето за спорот со името со Грција е високо на агендата на нашите политички елити, но не и високо на извршната агенда.

„Треба посериозно да се позанимаваат со ова и целиот процес да се одблокира за да може како во евроинтеграциите, така и во другите насоки да напредуваме со малку позабрзано темпо.“

Состанокот ќе ја одбележи 10-годишнината од потпишувањето на Повелбата, како и активностите во насока на зајакнување и промовирање на соработката, мирот и безбедноста, во функција на евроатланската интеграција на земјите од регионот и поддршката на САД.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG