Достапни линкови

Далдер: поканата за Македонија во НАТО по решавање на спорот со името


Иво Далдер

Иво Далдер

„Се уште останува одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а повторена на ланскиот Самит на Алијансата во Чикаго, дека поканата за членство до Македонија ќе биде активирана откако ќе биде најдено заемно прифатливо решение за името. Ние во НАТО работиме според принципот на консензус и ако го немаме за некое прашање тогаш нема напред во однос на истото“. Ова, како што јавува МИА, го изјави американскиот амбасадор во НАТО Иво Далдер на неговата синоќешна последна прес конференција на таа позиција во Брисел. Според него, Соединетите држави вложуваат дипломатски напори, вклучувајќи лица на највисоко ниво за наоѓање на решение. „Но, за жал таа мисија не успеа. Можеме да нагаѓаме зошто тоа не се случи. Македонците треба да продолжат со тоа што го прават. Да продолжат да се развиваат на балансиран начин“, изјави Далдер.
XS
SM
MD
LG