Достапни линкови

Казакстан: жена осудена за тренинг на малолетен самоубиец


Судот во казакстанскиот град Атирау и определи седумгодишна казна затвор на една жена за подготвување на нејзиниот 12 годишен посинок да стане бомбаш самоубиец. Судењето се одвивало зад затворена врата, а жената била осудена за пропагирање тероризам и за тортура врз малолетник. Властите соопштија дека таа планирала напад во зградата на Советот за национална безбедност. Се наведува дека нејзиниот сопруг бил убиен од безбедносните сили во антитерористичка акција во минатата година.
XS
SM
MD
LG