Достапни линкови

Авганистанските сили ја презедоа безбедноста врз земјата


Кабул, 18.06.2013.

Кабул, 18.06.2013.

Голема експлозија одекнала денеска во близина на куќата на влијателниот авганистански пратеник Мохамед Мохакики и на Уредот на независната комисија за човекови права во Кабул, пренесуваат новинските агенции. Полицијата соопшти дека станувало збор за самоубиствен напад, но оти пратеникот не бил повреден. До ова дојде во моментот кога на неколку километри од експлозијата се одвивала церемонија на која меѓународните сојузници ја предавале контролата на безбедноста на последниот регион во земјата врз авганистанските сили. На церемонијата присуствуваа генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и претседателот Хамид Карзаи.
XS
SM
MD
LG